Лионел Меси се опорави и е подготвен за големото јужноамериканско дерби.
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони изјави дека Меси ќе игра на натпреварот против Бразил, откако се опорави од повредата на коленото.
Меси одигра само 15 минути на натпреварот против Уругвај во петокот, кој неговиот тим го доби со 1:0, а претходно не играше на два натпревари на ПСЖ.
„Тој ќе игра утре, се надевам дека ќе биде расположен“, рече Скалони.
Бразил е лидер во јужноамериканските квалификации за СП и обезбеди пласман на Мундијалот, а Аргентина ќе го стори тоа во случај да победи.
Инаку, овие две селекции играа во Бразил во септември, но мечот беше прекинат по само седум минути поради прекршување на кодив протоколот од страна на Аргентинците, а се уште не е донесена одлука како да се регистрира овој натпревар.