ФУДБАЛ

Меси славеше гол а еден навивач на Атлетико Мадрид фрли со чадор по него

Барселона синоќа го совлада Атлетико Мадрид со минимални 1:0 во 15-то коло во Ла Лига.

Атлетико и Барса одиграа одличен натпревар во Мадрид, но на крајот гостите го напуштија стадионот „Ванда Метрополитано“ со три бода. Херој на каталонскиот клуб уште еднаш беше Лионел Меси кој го постигна единствениот гол во 86. минута.

Меси уште еднаш ја покажа својата магија и му донесе на Барселона победата со која овој тим се врати на првото место. Атмосферата беше вжештена на трибините синоќа за враќање на Антоан Гризман, а подебелиот крај можеше да го извлече Меси.

Аргентинецот го славеше голот, а за време на прославата еден од навивачите по него фрли со чадор. Судиите го видоа тоа и го исфрлија чадорот од теренот, но „Мундо Депортиво“ наведува дека главниот судија Матеу Лахоз воопшто не го спомнал тоа во извештајот.

Барселона побара од челниците на Ла Лига веднаш да ги казнат навивачите на Атлетико за вакво однесување, што за жал не е многу непознато на стадионите во Шпанија.

ПОВРЗАНО

Ла Лига