Ѕвездата на Интер Мајами, Лионел Меси постави рекорд во МЛС во последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната против Њу Ингланд Револуција. Напаѓачот влезе во резерва во 58. минута и направи брз хет-трик и една асистенција.
Така, Меси стана првиот играч во историјата на лигата кој постигнал три гола и една асистенција, влегувајќи во резерва.
Меси стана и стрелец број 1 во историјата на „Интер Мајами“. Аргентинецот постигна 33 гола за тимот и го мина еквадорскиот напаѓач Леонардо Кампана, кој има 32 гола.
