Фудбалерите на Аргентина ја совладаа селекцијата на Хондурас со резултат 3:0 во пријателски натпревар како дел од подготовките за Светското првенство во Катар.
Натпреварот го одбележа Лионел Меси, кој постигна два гола, едниот од пенал, а другиот беше вистинско ремек дело.
Сепак, Лаутаро Мартинез прв ја начна мрежата на Хондурас во 16. минута на асистенција на Папу Гомез, но повторно клучното додавање го имаше Меси, кој му се придружи на напаѓачот на Севиља во шеснаесетникот, пред да му додаде на Лаутаро.
Во финишот на првото полувреме Меси погоди од пенал и го удвои водството на Аргентина.
Во 69. минута Меси доби овации, кога со лоб удар од преку 20 метри ги постави конечните 3:0.
Сепак, еден детаљ посебно го одбележа натпреварот кој покажа колку играчите го чуваат и штитат својот капитен Меси. Флорес го собори Меси на земја, а цел тим се упати кон него да се справи со него за преостриот старт.
Reaction of players when Messi got fouled ⚔️
— All About Argentina 🛎🇦🇷 (@AlbicelesteTalk) September 24, 2022
Се на се, Меси е подготвен да ги одведе Аргентинците до светскиот трон, а неговите соиграчи повторно се подготвени да „гинат“ за него.