ФУДБАЛ

Меси: Тоа е она што го мразам во фудбалот

Лионел Меси призна дека повеќе би сакал да започне натпревар од клупата и потоа да се вклучи во играта отколку да започне натпревар и да биде заменет.

32-годишниот фудбалер, кој во текот на својата кариера има освоено пет Златни топки, сепак игра на високо ниво.

Меси со години е најдобар играч на Барселона.

„Не сакам да бидам заменет“, рече Меси за „TyCSports“.

„Претпочитам да започнам од клупа, да играм помалку отколку да бидам заменет“.

„Мислам дека така наоѓате повеќе простор затоа што вашите противници се уморни. Повеќе сакам да влезам и да уживам во играта отколку да бидам заменет“.