ФУДБАЛ

Меси целосно подготвен за судирот со Баерн

Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси тренираше нормално денес и ќе биде целосно подготвен за петок.

Барселона се подготвува за голем судир со Баерн во петокот вечер во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а тренерот Кикe Сетиен беше загрижен за здравјето на Меси.

Вчера тој го пропушти тренингот заради ударот што го доби на натпреварот против Наполи, но тој го направи тренингот денес.

Ова значи дека најдобриот стрелец и најдобар играч на Каталонците е целосно подготвен за еден од најважните натпревари во Барселона во сезоната.