ФУДБАЛ

Меси: Ван Дајк е добар и во одбраната и во нападот

Меси и Ван Дијк се кандидати за Златната топка

Sвездата на Барселона, Лионел Меси кажа добри зборови за дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк.

Холанѓанецот ја освои наградата за најдобар играч на УЕФА, додека Меси ја доби наградата за најдобар играч на ФИФА и двајцата се кандидати за „Ballon d’Or“.

Аргентинецот изјави дека Ван Дијк е добар дефанзивец бидејќи знае да игра и во напад и во одбрана.

„Тој е дефанзивец кој знае во вистинско време да го запре напаѓачот. Голем е и брз, добар во напад и во одбрана, бидејќи постигнува многу голови“, рече тој.

Меси зборуваше и за играчот од средниот ред Френки де Јонг, за кого верува дека ќе може брзо да се прилагоди.

„Тој ќе се адаптира многу брзо затоа што дојде од клуб со иста филозофија. Воспитан е со иста идеја, со ист стил на игра. Треба да се чувствува смирено, но добро е. Тој сака да ја има топката, да игра со кратки додавања.“ , заклучи тој.