Меси не е задоволен од начинот на кој се користи ВАР.
Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси не е задоволен од начинот на кој се користи ВАР технологијата, затоа што, според него, дури и со технологијата сè уште има многу сомнежи по натпреварите.
„Ми се допаѓа ВАР, но сепак треба време да се навикнеме“, рече Лео во интервју за „TyC Sports“.
„Едноставно не ми се допаѓа фактот дека кога треба да ги разбие сомнежите, зависи од изборот на главниот судија или од ВАР просторијата и не се потпира премногу на она што навистина се случува на теренот “.
„ВАР е добра работа, но не се користи како што треба“, рече Меси.