Барселона ќе игра многу важен натпревар вечерва на „Камп Ноу“ против Борусија Дортмунд во 5. коло од Лигата на шампиони.
После четири кола, Каталонците имаат две победи и две реми, но во последниот натпревар направија кикс и одиграа 0-0 против Славија Прага, па сега се во опасност да ја промашат нокаут фазата.
Она што е важно за Барселона е дека Лионел Меси, кој имаше проблеми со својата повреда на стартот од сезоната, ќе игра вечерва, што значително ги зголемува шансите каталонскиот тим да стигне до победа.
Откако се опорави и сега е во одлична форма, Меси има постигнато 11 гола на последните девет натпревари и вечерва ќе го има својот јубилеј.
Аргентинецот ќе го одигра својот 700. натпревар во дресот на Барселона и со тоа ќе се приближи до Чави, кој го држи рекордот со 767 настапи за каталонскиот тим.
Лионел Меси го направи своето деби за првиот тим на Барселона пред 16 години и оттогаш постигна 612 голови на 699 натпревари и забележа 248 асистенции.
Via @lesportiuCAT
Messi akan jalani laga ke 700 bersama Barça di laga melawan Dortmund nanti. Ini statistik dia di 699 laga. Insane! https://t.co/4MYg9T2cOk
— PB INDOBARÇA (@PenyaIndoBarca) November 27, 2019