Нелсон Семедо пристигна во Барселона летото 2017 година како замена за Дани Алвеш, но не ги оправда очекувањата.
Барселона издвои околу 35 милиони евра за доаѓањето на Португалецот, но Семедо не ги оправда очекувањата и пред почетокот на оваа сезона го продадоа на Вулверхемптон за пет милиони помалку.
Семедо даде интервју за англиските медиуми во кое зборуваше за неговиот престој во Барселона. Секако, една од темите беше Лионел Меси, за кого Португалецот имаше што да каже.
Меси е познат како одличен изведувач на слободни удари, а Семедо призна дека никогаш не видел Аргентинец да тренира слободни удари.
“Откако станав играч на Барселона, никогаш не сум го видел Меси да тренира слободни удари. Се колнам дека не ги тренираше. На еден од моите први натпревари, Лео ја зеде топката и надигра пет играчи. Си помислив:” Како е ова е можно? ‘“, рече Семедо.