По повод 644 голови во дресот на Барселона, со кои го сруши рекордот на Пеле за најголем број постигнати голови во еден ист клуб, Лионел Меси и неговиот спонзор „Бадвајзер“ одлучија да ги изненадат голманите кои примиле гол од Аргентинецот.
Колку голови примиле од него, толку шишенца со пиво добија, на кои беше испишана и бројката на голови во тој момент на Меси.
Сепак, имало проблем. Како да ги изненади голманите кои се муслимани. Меси и компанијата одлучиле да им испратат безалкохолно пиво. Имало и еден голман, чие име не е откриено, кој се лекувал од алкохолизам, па и неговото шише пиво било специјално, односно безалкохолно.
Очигледно дека Меси внимавал на се.