Познатиот аргентински кошаркар Ману Џинобили беше пречекан во Куќата на славните на НБА, а Лео Меси го одбележа моментот со несекојдневна порака.
Џинобили, четирикратниот НБА шампион со Сан Антонио Спарс, доби многу честитки, а една од нив беше од неговиот сонародник.
„Ме исполнува со гордост кога слушам новинар како вели дека Ману е еден вид кошаркаски Меси. Всушност, тој треба да каже дека јас сум еден вид Ману на фудбалот“, беше изјавата на Меси како што јавија луѓето од Сан Антонио Спарс.
Џинобили учествуваше и во оддавањето почит на Диего Армандо Марадона, кој почина во 2020 година на само 60 години. Ел Пибе Д’оро изјави дека Џинобили е како Меси и Роналдо во фудбалот, тотален феномен.
Аргентинецот важи за еден од великаните на Сан Антонио Спарс, а заедно со Тони Паркер и Тим Данкан ја формираше таканаречената „Големата тројка“, со Грег Попович на клупата.
Четири години по неговото официјално пензионирање, Аргентинецот ќе го сподели таквото светско признание со други големи имиња како Мајкл Џордан, Карим Абдул-Џабар и Меџик Џонсон. За повеќе од 15 години колку што играше во НБА, Џинобили двапати беше избран за Ол-стар.
Заедно со Џинобили, во Куќата на славните НБА влегоа и Тим Хардавеј, Џорџ Карл, Боб Хагинс, Хју Еванс, Свин, Линдзи, Маријана Стенли, Лу Хадсон, Лери Костело, Дел Харис, Тереза Шенк-Гренц и Радивој Кориќ.
„Не очекував ништо од НБА, никогаш не го спомнав и не ни знаев каде е Сан Антонио“, рече меѓу другото во својот говор Џинобили.
Ману го заврши својот говор со благодарност до многуте луѓе кои во кариерата му овозможија да го достигне врвот на спортот, со посебна посветеност на неговото семејство.