Фудбалерите на Барселона не се согласуваат за намалувањето на платите по ситуацијата со коронавирусот што предизвика економска криза.
Челниците на Барселона имаа состанок и разговараа за економските ефекти од прекинот на лигата.
Се зборуваше и за намалување на платите на играчите.
Почнаа разговори меѓу лидерите и капитените на тимот во текот на викендот за да најдат заеднички јазик, а шпанските медиуми објавија дека тие ќе бидат подготвени да му помогнат на претседателот Јосеп Марија Бартомеу.
Но, денес има друга вест, која сугерира дека фудбалерите на Барселона рекоа „Не“ за првиот предлог на лидерите.