Лионел Меси има голема почит кон Јан Облак, репрезентативец на Словенија.
Облак како голман на Атлетико Мадрид имаше многу дуели со Меси и неодамна изјави дека Аргентинецот е едноставно невозможно да се запре, а сега напаѓачот на Барселона ги врати комплиментите.
“Задоволство е да се игра против Облак. Тој е еден од најдобрите во светот, и да се игра против најдобрите е секогаш добро. Тоа дополнително ве мотивира да се обидете да постигнете гол и покажува на секој натпревар колку е тешко да се направи тоа”, рече Меси.
Облак е само еден во низата голмани кои добија по неколку шишиња пиво, што го создаде позната компанија за пиво по повод 644 погодоци на Аргентинецот во дресот на Барселона.