ФУДБАЛ

Месут Озил потпиша за Фенербахче и објасни зошто ќе го носи дресот со број 67

Месут Озил од денес е официјално новиот играч на Фенербахче.

Арсенал и Фенербахче денеска потврдија дека постигнале договор за Озил, и дека искусниот германски играч за врска е нов член на великаните од Истанбул.

Големо внимание привлече фактот дека Озил ќе го носи бројот 67 во Фенер бидејќи првите десет се моментално зафатени.

Германецот објасни дека тоа е поштенскиот код на неговиот роден град Зонгудалка и дека тоа е во негова чест.

Но, Озил ќе го носи бројот 67 само до крајот на оваа сезона затоа што од следната година ќе го добие дресот со број десет.