Со утринскиот лет за Истанбул, од таму за Лион, Металург отпатува на турнејата во Франција.
Во следните девет дена тимот од Автокоманда ќе одигра две пријателски средби и ќе учествува на турнир во Монлисон.
Металург оди во Клермон Феран, каде ќе одигра две пријателски средби со Ним (11 јануари) и со Кретел (14 јануари).
Централниот настан од француската турнеја ќе биде учество на турнирот во Монлисон, заедно со екипите на Спортинг, Шаран и на Данкерк.
Металург се враќа на 20 јануари и остатокот од подготовките ќе ги мине во Скопје.