Првиот човек на Баерн Оливер Кан на шега истакна дека спортскиот директор на клубот Хасан Салихамиџиќ постојано му бара пари за засилувања.
Легендарните Кан и Салихамиџиќ во последната година реализираа неколку многу добри трансфери, а Кан истакнува дека од Хасан секојдневно ја слуша реченицата „Ми требаат повеќе пари“.
“Тој секогаш сака повеќе пари. Ја слушам таа реченица секој ден”, вели Кан со насмевка, додавајќи:
„Мојата работа е и да бидам посредник меѓу спортскиот и економскиот дел од клубот.
Кан зборуваше и за конкурентноста на Бундеслигата, каде Баерн е доминантен со години.
„Ако на навивачите на другите клубови им е здодевна лигата, на нашите не. Ние сме многу мотивирани да ја освоиме 10-та последователна титула. Никој досега не го направил тоа“, рече Кан.
Баерн убедливо го води тимот по првиот дел од сезоната во Бундеслигата. Тие имаат освоено 43 бода од 17 натпревари и имаат девет бода предност пред Борусија.
Сезоната во Германија продолжува на 7 јануари.