ФУДБАЛ

Михтаријан го пропушта дуелот со Карабах

Ерменскиот интернационалец Хенрих Михтаријан нема да биде во составот на Арсенал на средбата со Карабах во втората рунда од Лига Европа закажана за четврток.

Безбедноста е причината за изоставување на Михтаријан од списокот на патници во Баку, со оглед на затегнатите односи меѓу Азербејџан и Ерменија.

Ерменците немаат право да влегуваат во Азербејџан, освен со специјални дозволи. Михтаријан и пред три години кога беше дел од Борусија Дортмунд, не отпатува на гостување во Азербејџан, иако му беше издадена виза.

По првата рунда во Е-групата од Лига Европа, Арсенал има три бода, додека Карабах е без бод.

ПОВРЗАНО

Лига Европа