ФУДБАЛ

Михтаријан: Каква ќе биде разликата со и без Пандев, тешко е да се каже

Македонија утре на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, ќе ја пречека селекцијата на Ерменија.

Ѕвездата на Ерминија и фудбалерот на Рома, Хенрик Мхитарјан, вечерва на прес-конференцијата пред натпреварот со Македонија, посочи дека ерменците се дојдени по победа.

„Моите соиграчи направија голема работа и одиграа одлични мечеви победувајќи на три од трите меча и сега одиме само на победа. Дојдовме за да победиме и за нас овој меч е исклучително важен. Ќе дадеме сѐ за да победиме, знаеме колку е важен за нас. Имаме големи шанси и во моментов фокусирани сме само на овој меч“, вели Мхитарјан.

Македонија утре ќе истрќа на терен без својот долгогодишен капитен Горан Пандев, а Михтаријан изјави дека тешко е да се каже каква ќе биде разликата со и без него.

„Пандев е легенда на македонскиот фудбал и беше многу важен за македонската селекција. Сигурен сум дека многу ќе ѝ недостига, јас му посакувам среќа во понатамошниот дел од клупската кариера, а каква ќе биде разликата со и без него, тешко е да се каже, може за тоа да зборуваме после мечот“, рече Мхитарјан.

 

ПОВРЗАНО

Горан Пандев