Легендарниот Предраг Мијатовиќ се присети како го донесе Кристијано Роналдо во Реал Мадрид.
Црногорецот работеше како спортски директор на „Сантијаго Бернабеу“ од 2006 до 2009 година, а за тоа време учествуваше и во преговорите за доведување на Роналдо во Реал Мадрид.
Во тоа време, многу клубови беа заинтересирани за sвездата на Манчестер Јунајтед, но работата на Мијатовиќ беше полесна затоа што самиот Роналдо беше заинтересиран да ја продолжи кариерата исклучиво во Реал.
„Тоа беше комплицирана, тешка работа. Попкрај тоа, Роналдо веќе беше европски шампион и освојувач на Златната топка со Манчестер Јунајтед“, се сеќава Мијатовиќ, а потоа продолжи:
„Не беше лесно да се предложи ваков трансфер. Почнавме со неговите соработници и за среќа, сè испадна во најдобар ред. Беше одлична работа. Неговата желба беше клучна. Немаше начин да се запре трансферот“.
Во тоа време тоа беше најголем трансфер, чинеше 94 милиони евра, а се исплатеше за Реал. Во соработка со Роналдо, меѓу другото, освоени се уште четири трофеи во Лигата на шампионите.
„Да бев уште во клубот, не би го пуштил. Играчите како него, Модриќ или Рамос треба да се чуваат. Тие се играчи кои, дури и ако не играат, му даваат на тимот нешто повеќе. Замислете си еден млад напаѓач кој пристигнува во клубот и има можност да учи од Роналдо … “, додаде Мијатовиќ.
Роналдо, потоа се пресели во Јувентус по десет години во Реал.