Трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус го одбележа ова лето на фудбалскиот пазар.
После девет години Португалецот ги напушти „Кралевите“, а во европските медиуми многу се зборуваше за тоа зошто Кристијано баш во овој момент реши да ги напушти „Кралевите“.
Одговорот на ова прашање го даде некогашниот фудбалер и спортски директор на Реал Предраг Мијатовиќ. Тој истакна дека односите помеѓу претседателот на Реал Флорентино Перез и најдобриот фудбалер на светот бе сериозно нарушени.
„Не верувам дека одлуката за заминување на Роналдо е лесно донесена. Тоа е крајниот резултат на нешто што долго се „крчкаше“. Голема е веројатноста дека Роналдо замина поради чудниот однос на претседателот Флорентино Перез“, рече Мијатовиќ и додаде:
„Не знам точно што се случи помеѓу нив, но гледајќи од страна, ми делуваше дека имаа сериозни проблеми и дека односите им беа нарушени. Тоа е така без никакви дилеми“, истакна Мијатовиќ.
Роналдо во текот на својата девет годишна кариера во Реал ги сруши сите рекорди. Постигна 450 голови на 438 натпревари, а освои и четири наслови најдобар фудбалер на светот во дресот на овој тим, и речиси сите можни трофеи.