Микаил Фaјe, запомнeте го ова име! Наскоро би можеле да го гледате во составот на Барселона!
Хрватскиот второлигаш Кустошија го продаде на Барселона Микаел Фаје, 18-годишниот стопер од Сенегал. Иако првите информации говореа дека е продаден за 1.750.000 евра, тоа всушност е само првата рата за овој одличен стопер. Всушност, Барселона е должна да плати 5.000.000 евра за дефанзивецот од Африка, а малиот загрепски клуб покрај тие пари ќе добие и 20 отсто од следната продажба. И тоа може да биде многу пари!
Покрај сето тоа, има цела низа бонуси кои се очекува да бидат исплатени, а колку Каталонците го ценат Фаје покажува и фактот што потпишал договор со откупна клаузула од неверојатни 400.000.000 евра! Покрај сето ова, Кустошија за секои седум натпревари што Фаје ќе ги одигра за Барселона ќе добива 1.000.000 евра, а таа сума ќе се искачи до 10.000.000 евра. А ако се знае дека Фаје добил покана за подготовките на првиот тим, не е невозможно загрепскиот тим на крајот да инкасира над 15.000.000 евра на овој играч!
