ФУДБАЛ

Микел Артета се излече од коронавирусот

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, рече дека целосно се опоравил од коронавирусот.

Шпанскиот селектор (37) стана првиот менаџер во Премиерлигата кој беше зарасен со Ковид-19 на 12 март.

Тој објави дека не се чувствува добро, откако беше потврдено дека Евангелос Маринакис, сопственик на Олимпијакос, кој играше против Арсенал во Лигата на Европа во февруари, имал коронавирус неколку дена порано.

„Ми требаа три-четири дена да започнам да се чувствувам подобро, со повеќе енергија и да ги оставам симптомите зад себе. Сега сум многу добро и се чувствувам целосно излечен”, рече Артета.

Инаку, беше во план да ги доведе играчите на Арсенал утре на тренинг, но очигледно тоа нема да се случи.

„Како резултат на сегашната состојба, јасно е дека би било несоодветно и неодговорно да се замолат играчите да се вратат во ова време“, изјави официјалниот претставник на Арсенал.