Со волја на ждрепката, Црвена звезда го освои славниот Милан за противник во нокаут-фазата од Лигата на Европа.
Росонерите играат над сите очекувања оваа сезона.
По 21 одиграно коло, тимот на Стефано Пиоли е лидер во италијанската серија со 49 бода, и нема сомнеж дека нивниот фокус оваа сезона е исклучиво на шампионатот.
Според италијанските медиуми, Пиоли ќе поштеди некои од своите најголеми sвезди во Белград, како што се Ибрахимовиќ, Хернандез и Донарума.
Проектираниот состав на Милан треба да изгледа вака: Татарусану, Томори, Ромањоли, Калулу, Далот, Кеси, Меите, Бенакер, Кастиљо, Леао, Манџукиќ.
Натпреварот помеѓу Црвена звезда и Милан се игра на 18 февруари од 18:55 часот.