Во дербито од деветтото коло на италијанската Серија А, Милан го победи Јувентус со 2:0.
Јуве се чинеше дека „доаѓа по своето“ по неодамнешната победа над Макаби и претходниот лесен триумф над Болоња во шампионатот, но денеска беа очајни на „Сан Сиро“ каде паднаа без ниту еден шут. Можат да бидат среќен што на крајот поразот не беше поубедлив.
Во првото полувреме Милан беше многу подобар, самиот Рафаел Леао двапати ја погоди стативата, а заслуженото водство дојде на крајот од првото полувреме, кога по корнерот на Жиру и целата гужва во шеснаесетникот ја искористи Томори кој ја смести топката во мрежата.
Иако гостите од Торино имаа поголеми очекувања од вториот дел, всушност беа уште полоши. Сосема безопасно, а се некако беше готово по вториот гол на домашните веќе во 54. минута.
GOOOAL TOMORI'S SECOND GOAL AGAINST JUVENTUShttps://t.co/99SMdfURPP
— Milan Posts (@MilanPosts) October 8, 2022
Брахим Дијаз постигна гол за конечни 2:0 по одличен соло продор. Иако Милан можеше да постигне уште еден гол, сепак остана исто.
По оваа победа Милан се израмни во поредокот со Наполи и Аталанта кои имаат исто така по 20 бода, но и натпревар помалку од Росонерите.
И додека продолжува борбата на Милан за Скудетото, продолжува и агонијата на Јуве. Старата дама е само осма со 13 бода и се чини дека бродовите и тонат, а ќе следи вистинска катастрофа доколку не се пласираат во групната фаза од Лигата на шампионите, а се наоѓаат во тешка ситуација.
Јувентус сред недела оди во Израел, па го чека торинското дерби. Милан на овој стадион го чека Челзи, па ќе гостува Верона.
BRAHIM DIAZ, WOW.. JUST WOW. https://t.co/j4S2Sw4N4i
— WolfRMFC (@WolfRMFC) October 8, 2022