Златан Ибрахимовиќ останува главна цел на Милан, но патот кон иднината на напред може да биде различен.
Марио Манџукиќ и Ерлинг Халанд, сензационална идеја. Според „Кориере дело Спорт“, Милан размислува да се вклучив о трката за норвешкиот напаѓач, кој е одличен во Лигата на шампионите со Салцбург.
Јувентус, Борусија Дортмунд, Лајпциг и Манчестер Јунајтед веќе долго време го следат 19-годишникот.
Халанд ќе го напушти австрискиот клуб за 30 милиони евра, а „Росонерите“ би можеле да му понудат договор од 5 милиони евра сезонава.
Операцијата може да се оствари и благодарение на добрата врска што ја имаат „Росонерите“ со Мино Раиола.