Златан Ибрахимовиќ се врати во Милано на почетокот на 2020 година и тоа беше полн погодок за „росонерите“.
Ибрахимовиќ иако има 39 години, сепак игра во неверојатна форма, а тој е еден од најдобрите играчи во Милано по враќањето на „Сан Сиро“.
Тој најпрво потпиша договор на половина година, но откако одлично се снајде во вториот дел од минатата сезона, клубот му понуди соработка и за оваа сезона, која Златан реши да ја прифати.
Шведскиот напаѓач игра навистина добро и оваа сезона, поради што по пет години се врати во репрезентацијата на Шведска.
Ибрахимовиќ имаше договор до крајот на оваа сезона, но „росонерите“ сфатија дека не смеат да го пуштат ова лето.
Милан му понуди договор на Ибрахимовиќ до летото 2022 година, а како што стојат работите, сè е веќе готово. Росонерите со одличен пост „навестија“ на Твитер дека договорот е веќе потпишан и дека Ибрахимовиќ ќе остане, а тоа го објавија многу медиуми на Апенините.
What’Z happening? ⏳ #SempreMilan #ReadyToUnleash pic.twitter.com/RnQOgDOkhs
— AC Milan (@acmilan) April 22, 2021
Многумина веднаш сфатија дека Милан сака на овој начин да даде до знаење дека Ибрахимовиќ потпишал нов договор, а наскоро се очекува и официјално соопштение.