Милан би можел да добие засилување во наредните денови.
Нов член на „Росонерите“ би требало да стане дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Ерик Баили, со кого веќе се започнати преговорите.
27-годишниот фудбалер е подготвен да направи трансфер, Манчестер сака да се ослободи од него и се води кон тоа Баили да стане нов член на „Росонерите“.
Ерик Баили пристигна во Јунајтед во 2016 година од Виљареал за 30 милиони фунти, но постојано имаше проблеми со повреди и не играше премногу на Олд Трафорд.
Вкупно, фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска одигра 113 натпревари за „црвените ѓаволи“ и постигна само еден гол за пет и пол години во клубот.
Покрај Јунајтед и Виљареал, овој дефанзивец настапуваше и за Еспањол.