ФУДБАЛ

Милан го отпиша многу одамна, а вечерва ќе игра случајно за прв пат по 325 дена

Тешките отсуства го принудија Стефано Пиоли вечерва да го вклучи отпишаниот стопер Матео Мусаки во тимот.

Мусакио ќе започне вечерва на дуелот помеѓу Милан и Торино во Купот на Италија и тоа ќе биде негов прв натпревар по 325 дена од неговиот последен официјален настап за „росонерите“.

30-годишниот Аргентинец последен пат играше на 22 февруари минатата година и Милан го отпиша и тој само чека да го напушти Сан Сиро.

Сепак, со оглед на тоа што Милан има големи проблеми со играчкиот кадар, Мусакио треба да игра во пар со Ромањоли бидејќи недостасуваат Габија и Кјаер, додека Далот и Калулу ќе играат дефанзивци, а Калабрија се очекува повторно да го заземе местото во средниот ред.

Вака треба да изгледа Милан вечерва:

Татарусану, Калулу, Мусакио, Ромањоли, Далот, Калабрија, Тонали, Кастиљехо, Дијаз, Хауге и Леао.