Матија Калдара нема ништо против натписот дека го сака Милан, но тој смета дека од трансферот нема да биде ништо.
Во вторникот се појавиле информации дека Милан е подготвен да го продаде Леонардо Бонучи назад во Јувентус, но сакаат да го доведат Калдара во своите редови.
“Милан? Пријатно е кога пишува за вас, но јас сум тука и овие работи се за мојот агент. Јас сум навистина среќен во Јувентус”, рече Калдара, додавајќи:
“Алегри? Денес ја тестиравме офсајдната замка со четворица назад, дојдов тука по две години играње во третата лига, но Алегри има некој интересни концепти што сакам да ги научам и љубопитен сум “.
Калдара има 24 години и еден настап за италијанската репрезентација, пред Јувентус играше во Аталанта, па на позајмица во Трапани и Чезена.