ФУДБАЛ

Милан го совлада безидејниот Лацио на Сан Сиро, Ибрахимовиќ се врати и веднаш постигна гол

Фудбалерите на Милан вечерва на домашен терен го победија Лацио со 2-0 во натпреварот од третото коло во Серија А.

Не го гледавме дербито што го очекувавме на „Сан Сиро“ бидејќи Лацио не ја обезбеди најдобрата игра вечерва, а „росонерите“ знаеја како да го искористат тоа.

Гостите првата шанса на натпреварот ја имаа во 17-та минута кога се обиде Милинковиќ-Савиќ, но голманот на Милан ја одбрани. Во 25. минута Леао имаше голема шанса, но немаше гол.

Сепак, Милан успеа да поведе во 45. минута. Ребиќ и Леао извонредно комбинираа, и на крајот, португалскиот напаѓач го совлада Реина и погоди за 1:0.

Во судиското надополнување на првиот дел, Милан имаше и пенал. Кеси ја зеде топката, но ја погоди пречката.

Гледавме прилично неинтересна игра во второто полувреме. Деталот што го одбележа второто полувреме се случи во 61. минута кога Пиоли го испрати на теренот Златан Ибрахимовиќ, кој конечно се опорави од повредата по три месеци.

Само шест минути подоцна, Ибрахимовиќ реши се на овој натпревар. Ребиќ одлично го ангажираше, а искусниот 39-годишен напаѓач лесно ја испрати топката во мрежата за 2:0.

До крајот на играта домашниот тим го диктираше темпото на игра, додека Лацио не успеа посериозно да се закани.

По оваа победа, Милан е прв со максимални девет бода, додека Лацио е шести со три бода помалку.

ПОВРЗАНО

Серија А