Иако има само 22 години, Сандро Тонали веќе се етаблираше како еден од најважните играчи на Милан, а новиот договор е логичниот следен чекор.
Младиот играч за врска беше еден од најистакнатите во кампањата за Скудетото, прв по 11 години. Но, не само со своите вештини, туку и со својот став, тој стана еден од лидерите на тимот.
Клубот има намера да гради иднина на Тонали, бидејќи не само што се покажа сигурен на теренот, туку и како некој кој го има Милан во срцето. Затоа што ако не беше, немаше да одбие попрофитабилни понуди од Интер, Барселона и Јувентус кога пред две години избра да се пресели во Милан.
Тој прифати и драстично помал договор од 1,2 милиони евра по сезона, бидејќи клубот беше во тешка финансиска ситуација. За возврат, му беше ветено брзо покачување.
Клубот го исполни ветувањето и потпиша нов договор со играчот до 2027 година со годишна плата од три милиони евра.
Sandro️ T8️⃣nali 2027
Penning a well-deserved renewalDeterminazione e senso di appartenenza: Sandro rinnova #ReadyToLeaveAMark #SempreMilan pic.twitter.com/W9Bmw7xNuk
— AC Milan (@acmilan) September 9, 2022