ФУДБАЛ

Милан и Јуве договориа нов трансфер

„Спорт Медиасет“ објави дека Мехди Бенатија е блиску од потпишувањето за Милан.

Росонерите, наводно, се блиску до договор со Јувентус, а Бенатија треба да биде во Милан на заем до крајот на сезоната, при што Милан треба да го купи за 15 милиони евра во текот на летото.

33-годишниот оваа сезона одигра само пет натпревари за „Старата дама“, а наместо него Леонардо Бонучи е вистински тандем со Џорџо Киелини.

Бонучи направи голем трансфер од Јувентус во Милан, но минатото лето се врати во Торино.

Бенатија е искусен шампион и сигурно може да му помогне на Милан, а пред да се приклучи на Јуве тој беше член на Удинезе, Рим и Баерн.