ФУДБАЛ

Милан има суперталент од 13 години, постигнал 483 голови на 87 натпревари

Неверојатна вест доаѓа од Италија. Милан има супер талент, дете кое има само 13 години. Франческо Камарда е во центарот на вниманието во Италија поради неговите голгетерски способности. Имено, одиграл досега 87 натпревари во младинските лиги и постигнал неверојатни 483 голови.

Скаутите веќе го следат, но сигурно дека Милан лесно нема да се откаже и ќе сака да го задржи и понатаму. Останува времето да покаже како ќе се развива во иднина, но дека ветува, ветува.