ФУДБАЛ

Милан имаат за цел големо име на клупата

Марко Џампаоло се наоѓа во голема опасност да биде отпуштен од клупата на Милан, поради лошите резултати што ги доби на почетокот на сезоната.

Италијанскиот тренер има последна шанса на натпреварот против Џенова и доколку не успее да победи на тој натпревар, тогаш големи се шансите тој да биде отпуштен од работа.

За многу имиња се шпекулира дека ќе го заземаат местото на Џампаоло, при што неодамна се појавува друго име.

Според „Кориере дело Спорт“, изјавите на Арсен Венгер дека сака да се врати во состав се порака за Милан.

Односите на Елиот и Газидис со францускиот тренер се одлични и тој може да биде изненадувачкото име во случај на отказ на Џампаоло.