Милан е решен да го откупи договорот на Лука Јовиќ, кој е на излезната врата од Реал Мадрид.
Јовиќ беше доведен во Реал пред една година, од Ајнтрахт Франкфурт за 60 милиони евра, но Србинот не успеа да се докаже во Реал и постигна само два гола со две асистенции на 24 натпревари.Затоа, се повеќе е веројатно дека Реал ќе го продаде, а засега Милан се позиционираше како најсериозен купувач и според печатот во Италија, Милан понуди 35 милиони евра со одредени бонуси, а доколку Јовиќ би се согласил со Реал, би можел да игра во тандем со Анте Ребиќ.
Јовиќ блескаше во дресот на Ајнтрахт и покажа одлични игри, но преселбата во Реал беше, барем засега, лош потег, а на „Сан Сиро“, играјќи заедно со Ребиќ, Србинот повторно може да стане еден од најдобрите напаѓачи.
Тој постигна два гола на седум високи настапи во дресот на српската репрезентација.