Милан размислува за летни трансфери дури и во ова време на пандемијата и веќе започнаа првите разговори со одредени клубови.
Според португалскиот весник „А Бола“, талентираниот фудбалер Бенфика, Флорентино (20) е една од главните мета на „росонерите“.
За играч како што е Флорентино, тимот од Лисабон бара скоро 50 милиони евра, но Милан е подготвен да плати 15 милиони евра и да го испрати бразилецот Лукас Пакета во Лисабон, бидејки на „Сан Сиро“ не сметаат на него.
Преговорите меѓу италијанската и португалската екипа, наводно, веќе се воспоставени и некои конкретни одговори од Бенфика се очекуваат во наредните денови.
Флорентино, кој игра во средниот ред и е со анголско потекло, има остварено вкупно 15 настапи за Бенфика оваа сезона, од кои седум во првенството во Португалија.