ФУДБАЛ

Милан најде засилување во нападот на Арсенал

Милан ќе се обиде да ја засили офанзивната линија во летниот преоден рок.

Водечките луѓе на Милан размислуваат за следната сезона, а наводно приоритет им е засилување на напаѓачката линија, па на списокот со желби се неколку играчи.

Според италијанските медиуми, на самиот врв на листата на желби на Росонерите е францускиот напаѓач на Арсенал, Александре Лаказет, чиј договор со лондонскиот клуб истекува на крајот од сезоната.

Покрај Милан, Атлетико Мадрид, Барселона и Њукасл наводно би биле среќни да го видат овој искусен 30-годишен напаѓач во своите редови.

Оваа сезона Лаказет одигра 10 натпревари за Арсенал во сите натпреварувања со ефект од три гола и една асистенција.

Освен за Арсенал во досегашната кариера, францускиот напаѓач играше само за Лион, а во редовите на Топџиите дојде во 2017 година.

Да додадеме дека за Арсенал одигра вкупно 180 натпревари на кои постигна 68 голови и додаде 29 асистенции.