Поранешниот играч од средниот ред во Рома, но денес на Зенит, фудбалерот Леандро Паредес веќе долго време се поврзува со Милан, па дури и поранешниот директор на Милан, Адријано Галијани, се обиде да го реализира неговиот трансфер пред клуб да биде во сопственост на Јонгхонг Ли.
Милан, наводно, се уште е заинтересиран за овој 24-годишен играч, но Зенит, за неговиот трансфер, наводно бара минимум 30 милиони евра.
И додека Милан беше во кинеска сопственост, Марко Фасоне и Масимилиано Мирабели се обидоа да го донесат Паредес, но договорот со Зенит не можеше да се постигне.
Сега Calciomercato.com објави дека Паредес се уште е на листата на желби на менаџерот на Милан, кој ќе се обиде неговиот трансферот да го реализира следното лето.
Сепак, јасно е дека Зенит нема да понуди “попуст” за Милан, бидејќи Паредес е под договор со рускиот клуб до 2021 година. Паредес пристигна во Зенит од Рома минатото лето за околу 23 милиони евра.