ФУДБАЛ

Милан не смее да прими гол, Пиоли подготвил дефанзивна тактика против Црвена Звезда, во Италија му се чудат

Милан и Црвена Звезда вечерва од 19 часот го играат реваншот од 1/16 финалето од Лига Европа. Првиот меч заврши 2:2, па тренерот на „Росонерите“ оди на варијанта да не прими гол на домашен терен. Според италијанските медиуми тој подготвил дефанзивна тактика, што секако со оглед на квалитетот на двата тима малку е чудно. Во тимот, како што беше во Белград, повторно ќе го нема Златан Ибрахимовиќ.

Според италијанските медиуми ова е составот на Милан:

Донарума-Калабрија, Томори, Ромањоли, Ернандез-Меите, Кеси-Кастиљехо, Круниќ, Чалханоглу-Леао.

 

ПОВРЗАНО

Лига Европа