ФУДБАЛ

Милан носи засилување од Селтик

Милан летово сигурно ќе направи бројни измени во играчкиот персонал, без оглед на финансискиот удар поради пандемијата на коронавирус.

Росонерите се обидуваат да се вратат во самиот врв на италијанскиот фудбал, но тие не успеаја да го сторат тоа неколку сезони. Јасно е дека Милан ќе направи бројни промени во тимот на крајот на сезоната, а се очекува да пристигнат и неколку засилувања.

Италијанските медиуми пренесуваат дека мета на росонерите е и дефанзивецот на Селтик, Кристофер Ајер, за кого започнале преговорите пред неколку недели.

22-годишниот стопер пристигна во Селтик во летото 2016 година од ИК Стар од Норвешка, тој е стандарден во првиот тим оваа сезона. На сите натпреварувања тој одигра дури 49 натпревари и постигна два гола досега оваа сезона.

Милан веќе некое време го следи Ајер и тие веруваат дека Норвежанецот би бил засилување во одбраната за следната сезона. Се шпекулира дека „росонерите“ ќе платат околу седум милиони евра за Ајер, а Селтик нема ништо против ваквата понуда.