Дефанзивецот на Милан, Лео Дуарте ќе паузира во наредните четири месеци, соопшти клубот од Милано.
Дуарте оперираше Ахиловата тетива на левата нога во Швајцарија и нема да му биде на располагање на Стефан Пиоли до пролет.
Милан изјави дека операцијата е успешна и без компликации, а бразилскиот стопер сега го чека повеќемесечен период на опоравување.
Дуарте стана редовен стартер со доаѓањето на Пиоли, но се повреди за време на репрезентативната пауза во ноември, така што фудбал ќе игра повторно следната година.
Досега, 23-годишниот, кој летово „Росонерите“ го платиа 10 милиони евра од, има запишано пет настапи.