ФУДБАЛ

Милан по повеќе од два месеци конечно комплетен

По пауза од повеќе од два месеци, сезоната во италијанската Серија А конечно ќе продолжи.

Синоќа беше потврдено дека првенството на Апенините ќе продолжи на 20 јуни со преостанатите натпревари од 25-то коло. Само два дена подоцна ќе се играат натпреварите од 27-то коло, а планот е се заврши сезоната до 2 август.

Клубовите во Италија веќе некое време тренираат со полна пареа и јасно е дека ќе бидат подготвени за нови предизвици. И Милан конечно го комплетираше играчкиот тим откако Франк Кесие се врати на тренинзите.

Тој се врати во Милан од Брегот на Слоновата Коска пред две недели, а откако направи 14 дена самоизолација, конечно започна да тренира со остатокот од тимот.

Кесие беше тестиран по самоизолација, а неговиот тест беше негативен, по што веднаш му беше дадена дозвола да се приклучи на тренинзите на „росонерите“. Единствениот што отсуствува на тренинг е Златан Ибрахимовиќ, но оправдано затоа што е повреден.

ПОВРЗАНО

Серија А