Според извештаите на медиумите во Англија, Милан се обидува да донесе едно звучно засилување на крајот од преодниот рок.
Росонерите беа доста активни во текот на летото, но се верува дека ќе донесат најмалку двајца нови играчи во самиот финиш.
Фановите се задоволни што пристигна Алесандро Флоренци, пред тоа дојде Оливие Жиру, па дури и порано голманот Мајк Маигнан.
Меѓутоа, сега се очекува „бомба“ на Сан Сиро. Имено, Милан работи на доведување на Бернардо Силва, кој покрај силната конкуренција беше отпишан во Манчестер Сити и клубот е подготвен да се ослободи од него.
Како и обично, Милан има финансиски проблем, па ќе се обиде да го доведе Португалецот на двегодишна позајмица за 15 милиони фунти, и да го купи за дополнителни 30 милиони по истекот на договорот за позајмица.
Останува да видиме дали ова ќе биде доволно примамливо за Сити или Милан ќе бара други решенија на позицијата десно крило и офанзивен играч за врска.
Да додадеме дека Росонерите ќе ја отворат новата сезона во Серија А во понеделник со гостување во Сампдорија.