Фудбалерите на Милан моментално се на втората позиција на табелата во Серија А со 19 бода од седум натпревари, што е најдобар старт на клубот од сезоната 2003/2004, во која го освоија Скудетото. Поради тој успех, управата на клубот од „Сан Сиро“ е подготвена да го награди тренерот Стефано Пиоли.
Иако „росонерите“ беа поразени во Лигата на шампионите во натпреварите со Ливерпул и Атлетико Мадрид, навивачите имаат од што да бидат задоволни на почетокот на сезоната, а раководството започнува преговори со 55-годишниот стручњак, Пренесуваат италијанските медиуми.
Актуелниот договор на Пиоли истекува на крајот на сезоната, а Милан ќе се обиде да го задржи. Од кога е Пиоли на клупата на Милан, тимот забележа 56 победи, 23 нерешени и 18 порази, а минатата сезона тимот го освои првиот пласман во Лигата на шампионите по седум години.
Пиоли работи како главен тренер од 2003 година, водејќи ги Салернитана, Модена, Парма, Гросето, Пјаченца, Сасуоло, Киево, Палермо, Болоња, Лацио, Интер и Фиорентина, пред да стане првиот тренер на Милан во 2019 година, наследувајќи го отпуштениот Марко Џампаоло.
Следниот натпревар во Серија А, Милан го игра против Специја на 16 октомври по паузата на репрезентацијата. На врвот на табелата во Серија А е Наполи со максимален учинок од 21 поен од седум кола.
Milan are reportedly in negotiations to extend coach Stefano Pioli’s contract after their best start to a season in almost 20 years https://t.co/lPc1FtB65O #ACMilan #SerieA #SerieATIM #Calcio
— Football Italia (@footballitalia) October 4, 2021