ФУДБАЛ

Милан се договори со новиот тренер?

Милан, наводно, постигнал договор со нов тренер.

Нов тренер на Милан треба да стане, Марко Џампаоло, сегашен тренер на Сампдорија.

Според италијанските медиуми, овој 51-годишен експерт се согласи со Милан на две години соработка и наскоро сè треба да стане официјално.

Џампаоло ќе заработи два милиони евра годишно на клупата на Милан, а претставувањето ќе биде на почетокот од следната недела.

Овој искусен експерт водеше голем број тимови во неговата кариера. Тој помина три претходни сезони во Сампдорија, а претходно ги предводеше Емполи, Кремонезе, Катанија, Сиена, Каљари.

Тој ќе го замени Гатузо на клупата на Милан, кој беше отпуштен по крајот на сезоната.

Милан не успеа да се квалификува за Лигата на шампионите. Клубот ќе игра Лига европа, а во тимот се објавени голем број промени.

ПОВРЗАНО

Лига Европа