Милан ги добива назад своите технички лидери. Стефано Пиоли излезе негативен на последното тестирање, заедно со неговиот заменик, Џакомо Мурели. Црвено-црниот клуб ја објави оваа вест на својата официјална веб-страница.
„Тренерот Стефано Пиоли и неговиот заменик Џакомо Мурели биле тестирани негативни во последното тестирање изведено вчера. Пиоли и Мурели ќе го водат тренингот денес и утревечер. Тие ќе бидат на клупата за натпреварот од Лига Европа меѓу Милан и Селтик Глазгов“, стои во соопштението на клубот.
Тренерот на црвено-црните имал позитивен тест за коронавирус пред патувањето во Неапол, заедно со неговиот соработник. Тогаш Даниеле Бонера ја предводеше клупата на Милан.