Стана јасно дека Дејан Ловрен веќе нема место на првиот тим на Ливерпул, особено по минатата сезона.
Клоп на припремите ги форсира Матип и Ван Дијк, а Хрватот добива многу малку минути.
Новиот стопер кој пристигна во клубот, деветнаесетгодишниот Сеп ван дер Берг, исто така е во плановите пред Ловрен.
Така, Хрватот е принуден да го напушти Ливерпул и следна дестинација веројатно ќе биде Италија.
Иако за него се распрашуваше Милан, проблемот е 25 милиони евра што ги бара Клоп.
Сепак, Ливерпул наводно сега би се согласил за пет милиони помалку да го продаде Ловрен, со тоа што Рома е првиот фаворит што сака да го донесе.