Управата на Милан се вклучи во борбата за потписот на крилниот играч на Лос Анџелес, Брајан Родригез.
Според италијанските медиуми, воспоставени се контакти со Уругваeцот, а се очекува расплет на ситуацијата.
Родригез скоро сигурно ќе дојде во Европа, бидејќи покрај Милан, за неговите услуги заинтересирани се уште две екипи од Италија, а тоа се Наполи и Сампдорија.
Овој млад фудбалер играше за Канада Пенарол една сезона, а минатото лето го засили Лос Анџелес со трансфер вреден скоро 11 милиони евра.
Сигурно е дека неговиот сегашен клуб ќе заработи добро ако реши да замине, а досега оваа сезона тој има постигнато три гола на шест настапи.