ФУДБАЛ

Милан се заинтересира за младата холандска sвезда која експлодираше оваа сезона

Милан е заинтересиран да ја донесе младата sвезда на А, Алкмар, Мирон Боаду, пренесува „Тутопорт“.

Ова е фудбалер кој игра во фаза на напад, има само 19 години, а штотуку експлодираше оваа сезона.

Боаду постигна дури 20 голови за АЗ и додаде 13 асистенции, што го направи еден од најголемите потенцијали на холандскиот фудбал. Ако додадеме дека тој веќе направил еден настап за репрезентацијата и постигнал гол, тогаш е јасно дека тој е играч за кој се очекува многу.

Така, „росонерите“ го забележаа овој млад Холанѓанец и го гледаат како замена за Златан Ибрахомовиќ, кој наскоро ќе се пензионира.

Младиот Боаду вреди 18 милиони евра на трансфер пазарот, но се претпоставува дека АЗ ќе бара многу поголема сума за неговите услуги.